Поевтини роаминг услуги од денес во регионот

 

Од денес се намалуваат цените на роамингот во земјите од Западен Балкан, а веќе од следната година планирано е роамингот целосно да се укине.

 

Првото намалување на цените од 99 проценти  на роаминг услугите беше претходната година на први јули, согласно договорот потпишан помеѓу Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Последните податоци од Балканскиот барометар говорат дека 35 отсто од граѓаните заштедиле пари поради намалените цени и дека користењето на инетрнетот е во пораст на 69 отсто.

 

Од АЕК велат дека сега започнуваат со преговори и за намалување на роаминг цените кон земјите од Европската Унија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.