Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска – над 25 илјади казни досега

 

 

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрира 461 прекршок на мерката за носење заштитна маска на лицето.

 

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Според Уредбата, казната за неносење маска е 20 евра.

 

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 25.028 прекршоци за неносење лична заштитна маска на лицето.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.