Црна Гора ги легализираше геј браковите

 

 

Црногорскиот парламент го усвои Законот за животно партнерство на лица од ист пол. „За“ гласаа 42 пратеника, од вкупно 81 пратеничко место во собранието.

 

Со изгласаната законска рамка се овозможува партнери од ист пол да може да склучуваат бракови, меѓусебно да се наследуваат едни, да поседуваат заеднички имот, да имаат право на пензија и на социјално осигурување, заеднички да се грижат за деца, обврска за грижа кон дете на парнерот, но нема конкретна одредба за можноста за посвојување на деца.

 

Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, и премиерот Душко Марковиќ го поздравија донесувањето на Законот за истополови бракови во Црна Гора и оценија дека тоа е чекор напред кон друштвото на најразвиени демократии во светот.

 

„Потврда дека ние како општество созреваме, прифаќаме и живееме разновидност! Родени слободни и еднакви по достоинство и права!“, наведе Ѓукановиќ.

 

„Ова е голем чекор во вистинска насока за црногорското општество, неговата демократска зрелост и за процесот на интеграција“, изјави премиерот Душко Марковиќ и се заблагодари на ЛГБТИ заедницата за учество во дијалогот

 

Усвојувањето на Законот за истопололови бракови/партнерства го поздравија и Амбасадите на САД и на Велика Британија во земјата, оценувајќи го денот како „историски за ЛГБТИ заедницата во Црна Гора“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.