Стерјовска Локвенец: Ќе се засадуваат по 2 милиони дрвца годишно во планинските и 500.000 во градските средини

 

 

Едно од главите ветувања со кои СДСМ дојде на власт на централно и локално ниво, беше ветувањето за чист воздух и чиста животна средина. Воздухот не само што не е се исчисти во изминатите 3 години, туку состојбата драстично се влошува, а Прилеп стана еден од најзагадените градови во зимскиот период, изјави на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, кандидат за пратеник во четвртата изборна едница од Прилеп.

 

„Ветувањата на Миле Талески и Илија Јованоски за еколошки чист Прилеп останаа само зборови напишани на хартија.

 

Ветуваа целосна гасификација на Прилеп, а од сето тоа си направија само јавно претпријатие, иако не е изградена ниту примарната гасификациона мрежа. Ветуваа и изградба на фабрика за рециклирање на отпад и производство на биогас, покривање на коритото од Дабничка река, пошумување на ридовите околу Прилеп, подземни контејнери, како и неколку десетици микроакумулации, но денеска сме сведоци дека не реализира буквално ништо од ветеното.

 

За разлика од патолошките лажговци политичари од СДСМ, за идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ справувањето со загадувањето и обезбедувањето на чиста животна средина ќе биде еден од главните приоритети. Во програмата насловена како “Проект Обнова” на Македонија, предвидуваме низа мерки и проекти со  конкретни рокови, кои значително  ќе ја променат сликата во поглед на заштитата на животната средина и проблемот со загадениот воздух.

 

Ќе формираме централно инспекциско тело кое ќе има зајакнати капацитети и ингеренции на делување.

 

Предвидуваме засадување на 2 милиони садници годишно во руралните и планинските предели, како и 500.000 во урбаните градски средини. Секое семејство најмалку еднаш годишно ќе има можност да добие садница и да ја засади на локација по сопствен избор, во својот двор или на јавен простор. При донесувањето на урбанистичките планови ќе биде предвидено да постои најмалку 30% зеленило на ниво на маало“, изјави Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи