Во Прилеп 4 новозаразени од коронавирус, во Крушево и М. Брод по 1 нов случај

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во Општина Прилеп има 4 случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. По еден случај на новозаболен од КОВИД-19 е регистриран во општините Крушево и Македонски Брод.

 

Бројот на активни случаи изнесува 45, од кои 38 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.