По Солунска глава прилепчанката Јошеска со велосипед се искачи и на Кајмакчалан

Маја Јошеска пред само 10-тина дена стана првата прилепчанка која со велосипед од Прилеп се искачи на врвот Солунска Глава на 2.540 метри надморска височина. Вчера таа успеа да се искачи и на Кајмакчалан. Јошеска со велосипед ја извози една од најтешките велосипедски тури во Македонија која е долга 67км. и има висинско искачување од 2.000 метри.

 

„Турата стартуваше од с. Скочивир на 580 м.н.в. Возењето се движеше по доста тежок каменест терен, и тешки угорници. Потребното време за да извозам до врв беше 5ч. и 45м. по жешко време, за да пред самиот врв бидам почестена со разладување од дождот и снежните остатоци кои беа пред самиот врв. По кратка пауза за освежување и посета до црквата и гробницата кои се наоѓаат на самиот врв, за 3 часа се спуштив кон с. Скочивир и со тоа заврши и овој предизвик“, истакна Маја Јошеска за Инфо Компас.

 

Наредниот нејзин предизвик рече дека нема засега да го открие, но ќе го реализира за брзо време.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.