Прилепчанец излетал со возилото од патот Прилеп-М. Брод, кај селото Мажучиште

На 02.07.2020 на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај с.Мажучиште, патничко возило „фолксваген венто”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(59) од Прилеп, изгубило контрола и излетало од патот.

 

„Притоа со тешки телесни повреди се здобил возачот и  бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на ПС Прилеп“, соопштуваат до СВР Битола .

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.