Ристески: Денес со гордост стоиме пред ТИРЗ Прилеп, за разлика СДСМ кој за 3 години не отвори ниту едно работно место во Прилеп

Вистинска чест е денеска да се стои овде пред индустриската зона Алинци кај Прилеп и да се побара поддршката од граѓаните. Кога овде пред 7-8 години се поставуваа камен темелници и се градеа нови фабрики, СДСМ и Миле Талевски тврдеа дека оваа индустриска зона ќе остане само обична ливада. Рече на денешната прес конференција Петар Ристески, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за 4 ИЕ.

 

„Денеска тука успешно работат и произведуваат три странски фабрики, каде својата егзистенција ја обезбедуваат неколку илјади наши сограѓани. За разлика од Владата на Зоран Заев, која во изминатите 3 години не отвори ниту едно ново работно место во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветуваше и го исполни.

 

Затоа денеска со чист образ излегуваме со нови проекти и мерки кои во целост се обврзуваме дека ќе ги реализираме. Во програмата “Проект Обнова” на Македонија предвидуваме раст на македонската економија од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години.

 

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста под 10% и зголемување на платите на работниците за 25% во период од 4 години.

 

Економските тимови макотрпно работеа и покрај тоа што бевме во опозиција, па затоа ветуваме уште во првите 100 дена од формирањето на новата Влада, 3 големи мултинационални компании да ги објават своите инвестиции во Република Македонија“, рече Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.