Петкоски: Дали еден од новите автобуси за јавен превоз е зарибан, каде и во каква состојба се останатите?

Скандалите и сомнежите за сторени криминали се единственото нешто кое го одбележа ова 3 годишно владеење на СДСМ на централно и локално ниво. Речиси и да немаше јавна набавка која не ја следеа незаконски постапки, а тоа деновиве резултира со кривични пријави на МВР до редица директори и послушници на актуелниот кандидат за пратеник Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Набавката на четирите автобуси за 1 милион евра, или по 250.000 евра за  автобус, од самиот старт беше скандалозна и сомнителна за јавноста, особено поради тоа што автобусите беа набавени без меѓународен тендер.

 

И покрај тоа што јавниот градски превоз во Прилеп повторно започна со работа од 26 мај, никој не ги видел автобусите болиди, секој вреден по 250.000 евра народни пари.

 

Ги прашуваме надлежните, каде се и во каква состојба се драгоцените автобуси кои во употреба ги пушти Зоран Заев?

 

Дали е вистина дека еден од прескапо платените автобуси веќе подолго време зарибан се наоѓа на сервис во Скопје?

 

Со оглед на тоа дека граѓаните беа сведоци дека често се расипуваат, прашуваме колку пари за сервиси досега не’ чинеа овие скапо платени играчки?

 

Еве барем нека одговорат во каква состојба се двата од четирите автобуси кои се паркирани во Терминалот на Комуналец, а кои според нашите информации се исто така во дефект“, запраша Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.