ВИДЕО – Мицкоски: Луѓето се разочарани од власта и суровата реалност што ни се случува изминативе 3 години

Денес сме овде во Прилеп, разговараме со прилепчани, поврзано со оваа тешка, сурова реалност што ни се случува изминативе 3 години. Тоа можевме да го слушнеме и од нашите соговорници, без разлика дали станува збор за граѓани кои што се вработени во администрацијата, луѓе кои што се занимаваат со некој вид на претприемништво, занаетчии, пензионери, млади, буквално секаде низ Прилеп е онаа иста која што впрочем е и низ цела Македонија. Рече денеска Мицкоски на средбата со прилепчани.

 

 

„Сликата е лоша, тешка, тешко се живее, младите не чувствуваат перспектива во Македонија и гледаат час поскоро да ја напуштат, повозрасните, поискусните се разочарани, исто така се обесхрабрени, понижени, омаловажени, практично една тешка слика. Но она кое што можеме да го слушнеме од нив е дека „Коалицијата за обнова на Македонија“ добива аквамативна поддршка, добива огромна поддршка од прилепчани и јас чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена од денеска, овде во Прилеп „Коалицијата за обнова на Македонија“ ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа од независна Македонија.

 

Клучното прашање кое го поставуваме до прилепчани е дали живеат подобро, без исклучок 100% од одговорите кои ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат и многу полошо од порано. Така што сето она кое изминативе 12 дена кампања го слушнавме низ Македонија, се повторува и овде во Прилеп и тоа е доказ дека нема исклучоци, дека буквално оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, буквално ја зафатило цела Македонија.

 

Така што јас тука би завршил со впечатокот, денеска продолжуваме во Кривогаштани, Крушево, повторно вечер се враќаме тука пред прилепчани, ќе имаме мал собир со граѓани, се надевам дека и таму ќе слушнете дел од пораките кои што практично ги опфаќа нашата читанка, проект „Обнова“, кажа Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.