ВИДЕО – Мицкоски: Наместо со нашите спотови Рускоска и Кацарска нека се занимаваат со лица кои се дел од највисокото раководство на владата

Наместо да се занимаваат со спотовите на опозицијата кои што имаат за цел сатирично да ја прикажат реалноста во нашата држава, наместо да се занимаваат со тоа што го прави опозицијата, еве стига, допира гласот до нив, има индиции за адвокат кој говори за 6 милиони евра, гледаме како бизнисмени нуделе или платиле 300 милиони евра, се спомнуваат лица кои се дел од највисокото раководство на владата предовдена од СДСМ, ДУИ и Зоран Заев, рече денеска Христијан Мицкоски, при својата посета на Прилеп.

 

 

„Така што јас би ги охрабрил и Рускоска, а потоа и Кацарска, наместо да работат под политички диктат и да се трудат од петни жили да ги задоволат страстите на Зоран Заев, да се позанимаваат со она за што народот ги плаќа, а тоа е да обвинуваат по закон и да судат по закон. Деновиве имавме многу таков материјал да можат тие да постапуваат, еве јас ги охрабрувам нека постапуваат“, кажа Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.