ВИДЕО – Мицкоски: Никогаш нема да коалицирам со Зоран Заев, изјавата на Села за албанска Влада е предизборен фолклор

Изјавата на Зијадин Села дека албанските партии ќе направат албанска влада е дел од оној фолклор кој што се случува помеѓу албанските политички партии, кој да отиде подесно во наративот. Истакна денеска во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

„Јас колку што знам господинот Ахмети ги повикуваше албанските партии пред да почне оваа кампања да формираат сеалбанска коалиција, од страна на господинот Села тоа беше одбиено. Сега не знам што го натера наеднаш да размислува во таа насока, етноцентрично. Тоа не е во духот на она што ни претстои, а тоа се конечно датум за отпочнување на преговори со ЕУ и приближување кон ЕУ, бидејќи ова е држава заедничка за сите граѓани, за македонците  кои се мнозинска заедница и за немнозинските заедници како албанците, турците, ромите, власите, србите, бошњаците и секоја изјава која што оваа хармонија ќе ја наруши не е добра и на тој начин не се мобилизираат гласови, туку напротив, се демагнетизираат, демобилизираат гласови. Но впрочем тоа е начинот на кој што тие одбрале да ја водат нивната политика“, рече Мицкоски.

 

Лидерот на најголемата опозициона партија потенцираше дека не планира никогаш да направи коалиција на Зоран Заев кој на едно телевизоско гостување истакна дека ќе му даде на ВМРО-ДПМНЕ одреден број пратеници да ни бидат условувани од никого.

 

„На тоа по малку комично соочување, кажа 13 пратеници дека му се потребни на ВМРО-ДПМНЕ, а он би дал ако не се лажам 5 или 8, алудирајќи на математика на него само што му е позната. Инаку јас до денес сум прилично вешт во математиката, не можам да се сетам што сакаше да каже, но тоа го зборуваше господинот Заев, ќе дојде овде во Прилеп и ќе можете него лично и директно да го прашате. Но јас со луѓе за кои што постои основано сомневање за сторен криминал немам намера да коалицирам. Еден од тие ликови е господинот Зоран Заев“, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.