Нормално е дека кога човек ќе слушне дека се подготвувало палење на автомобили на членови на неговата партија добива чувство на згрозеност, резигнираност и вчудоневиденост. Практично каква е коалицијата помеѓу оваа влада, ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и на неговото семејство, со би рекол еве дискутабилни, проблематични структури во општеството. Истакна денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вчерашната аудио бомба на која се слуша дека се подготвува палење на автомобил на член на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
„Слушаме како се прави план за палење на возило на лице кое што е блиско до опозицијата, во случајов ВМРО-ДПМНЕ и самото тоа може да потврди впрочем кој е организаторот, сценарист и оперативно кој го спроведе она што се случи на потпретседателот Мисајловски. Еве ова нека биде една индиција, нека се позанимаваат обвинителите“, рече Мицкоски.
