Денеска 5 нови лица заболени од коронавирус во Прилеп, бројот на активни случаи изнесува 53

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 случаи на новозаболени од коронавирус.

 

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 53. Од нив, 43 лица се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка  Талески“, хоспитализирани се 7 пациенти позитивни на коронавирус.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.