ОБНОВЕНО – ВИДЕО: Молотов коктел фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција

Молотов коктел утрово околу 3.15 часот е фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција Кирил Спиркоски на улица „Киро Крстески –Платникот“.

 

 

Шишето со молотовиот коктел е фрлено на вториот спрат, а пироманите го погодиле стаклото од певеце рамка од детската соба од синот на Спиркоски кој играл на компјутер.

 

Иако јавно не сакаат да говорат, вознемирените членови на семејството Спиркоски тврдат дека молотовиот коктел паднал во дворот, а на помош притрчале и дел од соседите па го локализирале малиот пожар.

 

Случајот веднаш е пријавен и во полиција, земен е материјал кој е пратен на вештачање, а во меѓувреме истрагата за овој случај продолжува.

 

Од МВР во соопштение само кусо велат дека:

 

„На 05.07.2020 во 03,50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост на ул. „Киро Крстевски-Платник“ непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.