ВИДЕО – Мицкоски: Лицемерно е Шекеринска да зборува за лицемерие, доста е од такви истрошени политичари

Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие, бидејќи таа е заменик претседател на лице кое што е два пати аболирано за сторен криминал, лице кое што во минатото сите ние го гледавме како води политика по принципот евро за батето, евро за другите. Истакна денеска во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање како ја толкува изјавата на Шекеринска дека лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за право и правдина кога судските власти не можат да му достават покана Милошоски.

 

 

Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие, а притоа ниту во еден момент не споменува висок функционер, доскорешен директор како туце со банкноти става во куфер. Исто така лицемерно е Шекеринска да зборува за лицемерие, наместо да се фокусира на рекетот, на „Луи Витон“ куферот со евро банкноти, на трас-трас судските одлуки, впрочем е лицемерно Шекеринска да зборува.

 

Доста е од транзициони политичари, истрошени политичари кои што навистина покрај празните флосхули, кои што се дел од нивниот политички хабитус, немаат ништо што да понудат на граѓаните. Време е луѓе кои се мотивирани, кои позади себе имаат голема биографија, да понудат нешто поразлично од ова политичко мочуриште што го нуди ова раководство на СДСМ предводена од Зоран Заев“, кажа Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи