ВИДЕО – Мицкоски: Од аудио бомбата за палење на автомобил може да се потврди кој е организаторот на тоа што му се случи на Мисајловски

Нормално е дека кога човек ќе слушне дека се подготвувало палење на автомобили на членови на неговата партија добива чувство на згрозеност, резигнираност и вчудоневиденост. Практично каква е коалицијата помеѓу оваа влада, ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и на неговото семејство, со би рекол еве дискутабилни, проблематични структури во општеството. Истакна денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вчерашната аудио бомба на која се слуша дека се подготвува палење на автомобил на член на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

 

Слушаме како се прави план за палење на возило на лице кое што е блиско до опозицијата, во случајов ВМРО-ДПМНЕ и самото тоа може да потврди впрочем кој е организаторот, сценарист и оперативно кој го спроведе она што се случи на потпретседателот Мисајловски. Еве ова нека биде една индиција, нека се позанимаваат обвинителите“, рече Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи