Златески: Станкоски јавно призна дека зел 5.500 евра бруто плата, најавуваме кривични за Бордот на директори

Без ниту малку срам денеска генералниот директор на Тутунски Комбинат, Кире Станкоски, викнал прес конференција, на која всушност го потврди документот кој носителот на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски, јавно го објави. Истакна денеска на прес конференција, Никола Златески, претседател на УМС Прилеп.

 

„Станкоски призна дека зел плата од 3.500 евра нето, односно 5.500 евра во бруто износ, а замислете се правда со то дека во таа плата му бил исплатен одмор со одлука на Бордот на директори. Во прилог повторно ја доставуваме пресметката за плата на Станкоски, каде јасно се гледа дека овој директор кадар на СДСМ зел плата колку што едно просечно семејство заработува од тутун на годишно ниво.

 

Поради тоа што на вработените во Тутунски Комбинат не им е исплатен одморот, а еве слушаме дека тоа било одлука само за директорот, најавуваме кривични пријави за членовите на Бордот на директори. Исто така денеска одново ќе го прашаме Станкоски, дали се вистина информациите кои ги поседуваме, а кои велат дека службено возило на комбинатот се употребувало за превезување градежни материјали за приватни цели? И дали е вистина тоа дека во пресрет на изборите Станкоски по наредба на Зоран Заев предвреме исплаќа плата и К-15 на вработените, со цел да ги натера да гласаат за СДСМ?“, рече Златески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.