Лашкоска: СДСМ покажа дека нема чувство на припадност кон сопствената култура и идентитет, немаат почит кон сопственото културно и историско наследство

За жал СДСМ  и во изминативе три години на владеење, покажа и докажа дека немаат чувство на припадност кон сопствената култура и идентитет, немаат почит кон сопственото културно и историско наследство и пред се’ кон негова заштита и промоција, ниту пак однос кон уметничките вредности кои ги поседуваме како држава. Истакна на денешната прес конференција Ане Лашкоска, кандидат за пратеник во 4-тата ИЕ од редовите на ВМРО-ДПМЕ.

 

„Jа деградираа културата во секоја област. Во Прилеп од областа на културата беше ветено дека ке изградат нов театар, ќе ја реконструираат Старата градска чаршија и фасади на објектите, ќе извршат дислокација на Музејот на тутунот и изградба на музеј – градска  прилепска куќа.

 

Што имаме денес  од ветеното? Буквално ништо! Сведоци сме на нивните лажни ветувања и лажна демагогија.

 

Така функционира и работи СДСМ!

 

Ние ветуваме:

 

Спроведување на доследна,  успешна и финкционална децентрализација во културата од државно на локално ниво вклучувајќи ги невладините организации и граѓанскиот сектор

 

Создавање на поволен амбиент за остварување на културата преку воведување на одредени даночни и царински бенефиции за културата. Тука ќе ја  издвојам  мерката намалување на ДДВ во културата од 18% на 5% и 1 денар од акцизата за нафта кој ќе се издвојува  за културата.

 

Стимулирање на економската, производствената и профитабилната димензија на културата, преку поттикнување и помагање на креативните индустрии

 

Во делот на капиталните инвестиции во Прилеп

 

Ке продолжиме со истражување на археолошките локалитети, зачувување на спомениците на културата , обнова на фасадите се со цел  зачувување на старата архитектура карактеристична за градот Прилеп

 

Изградба на нов театар!“, рече Лашкоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.