Регулаторна го поевтини Еуросупер 95, останатите горива остануваат исти

 

Од вечерва на полноќ на сила ќе стапат нови цени за горивата. Регулаторната комисија се одлучи за поевтинување на Еуросупер БС-95, додека останатите горива остануваат со непроменети цени, во однос на минатата недела.

 

Еурoсупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се намали за половина денар и ќе се продава по цена од 60,50 денари. Цените за Еуросупер БС-98 и Еуродизел остануваат непроменети до следната одлука на РКЕ, односно ќе се продаваат по цена од 63 (Еуросупер БС-98), односно 52 денари (Еуродизел).

 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг  и ќе изнесува 25,980 ден/кг.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.