ВИДЕО – Станкоски: Моите примања се јавни, ништо не е тајна, пресметка со која мавта Николоски е за јануари, кога ми се исплаќаат неискористените денови од одморот

Сите вие сте сведоци, а и прилепската јавност е сведок, во изминатите денови каква хајка се спроведува против Тутунски комбинат и лично против мене. Бидејќи сум прозван од страна  на носителот на изборната единица 4 од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, осетив должност вистината да ја изнесам на право место, а тоа е пред вас медиумите кои егзистирате во општина Прилеп. Истакна на денешната прес конференција Кире Станкоски, геренерален извршен директор во Тутунски Комбинат Прилеп.

 

 

Имено, овие денови се изнесуваат лаги и невистини од страна на носителот на ИЕ4 Александар Николоски, а тие лаги се однесуваат на моите примања. Епа Александар Николоски, ајде документирано сега да ги споделиме сите релевантни документи кои постојат во Тутунски комбинат. Значи станува збор за моите примања кои со одлука на борд на директори се носат, а јас како главен менаџер во оваа компанија и сите менаџери кои имаат договори во Тутунски комбинат, на секое акционерско собрание се должни на достават извештај за нивното работење и за нивните примања. Што значи дека овие примања се од јавен карактер, ништо не е тајна, ништо не е скриено. Бидејќи вие мавтате со некоја пресметка во овие изминати денови, ајде работите да ги поставиме онака како што треба. Станува збор за пресметка на плата од јануари месец, која пресметка на плата е произлезена од спогодба која ја имаме потпишано заедно со синдикалната организација. Што вели таа пресметка, како за мене така и за секој вработен во Тутунски комбинат. Со неа се уредува начинот на исплата на неискористени денови од одмор. Според таа спогодба, на секој работник кој од разни причини не го искористил правото на годишен одмор, му се овозможува исплата на истиот како додаток на плата, доколку истиот тоа го побарал. Сите вработени кои имаат ваква потреба поднесуваат барање и тоа се исплатува од Тутунски комбинат, вклучително и генералниот извршен директор“, истакна Станкоски.

 

Станкоски на прес конференцијата потенцираше дека тој минатата година скористил само 5 дена одмор, затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ наследиле, како што самиот рече, тотално руинирана компанија, па цел менаџерски тим морал добро да засука ракави и да ја донесе фирмата во оваа ситуација на позитивни завршни сметки.

 

Како разлика на тоа, јас сум добил примања во месец јануари 2020 година, по однос на доплата на неискористен одмор, додека сите други примања се во опсег на тоа што бордот на директори мене ми ги изгласал. Тоа е јавен податок, на секое акционерско собрание моите примања се доставени до собранието, бидејќи собранието на акционери е тоа што мене ми дава доверба за нашата успешна работа која ја правиме овие 3 години. Мислам дека доволно бев транспарентен и јасен за овие лаги, инсинуации и манипулации кои ги пласира носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, да бидат јасни. Јас само би го прашал зошто неговите ботови не ја покажат пресметката за плата од април 2020 година, кога јас сум земал 14.250 денари. Значи ова е пресметка од април месец, моите примања тогаш биле 14.250 денари и вклучитечно на сите менаџери во Тутунски комбинат. Разликата на плата ние како општествено одговорна компанија и општествено одговорни луѓе ја плативме на сметката за борба против вирусот ковид-19. Ако има добра и искрена намера, јас ќе им ја доставам и оваа пресметка, слободно на нивните измислени портали слободно да ја проследуваат“, додаде Станкоски.

 

Генералниот директор на ТКП одговори и на прашањето од Николоски, зошто се уште бил директор и зошто претседателот Заев се уште го чувал на тоа место.

 

Во 2017 година јас стапив на ова место. Што наследив? Наследив компанија, во вашето владеење од 11 години, од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога ти беше пратеник во македонското собрание, наследив 5.870.493.755 денари загуби од страна на сите ваши менаџерски тимови во вашето владеење од 11 години. Што сте направиле вие како пратеник во македонското собрание од 2006 до 2017 година, сте донесле 3 одлуки. Што викаат тие одлуки? Првата одлука е 31.07.2009 година, одлука за зголемување на основната главнина на Тутунски комбинат АД Прилеп, со издавање на втора емисија хартии од вредност, обични акции. Со оваа одлука, вие загубата од 4.176.296.832 денари, или вкупно 68 милиони евра сте ја префрлиле во траен влог. Има и уште две одлуки. Со овие три одлуки овие загуби од 95 милиони евра кои вашите раководства ги направиле во Тутунски комбинат, тотално ја урнисавте сопственичката структура во Тутунски комбинат. Која беше сопственичката структура на Тутунски комбинат добро тоа го знаат акционерите. До 2006 година сопственичката структура беше 35% сопственост на државата, 55% сопственост на акционерите. Со овие 3 одлуки кои вие ги гласавте во Собранието, сопственичката структура моментално е 82% сопственост државата и 10% сопственост на акционерите. Тотално руинирани акции. Што направивме ние Александар Николоски? Макотрпна работа во 3 години успеавме компанијата да ја доведеме со позитивни финансиски резултати. Минатата година имаме позитивен финансиски резултат од 700.000 евра, оваа година со продавањето и на вишакот тутун пак ќе имаме позитивен финансиски резултат. Имаме задоволни вработени, со зголемена плата од над 25%, имаме секоја година исплата на к-15. Еве сега да ви најавам, наредниве денови ќе биде исплатен к-15 во висина од 21.000 денари. Тоа ќе го направиме по сите законски основи. Вработените се презадоволни. Јас во една прилика во еден медиум ве поканив да дојдете со мене да прошетаме во Тутунски комбинат, до ден денес не сте дојдени да видите која е атмосферата овде, задоволни вработени“, истакна Станкоски.

 

Станкоски го запраша Николоски што барал да се кандидира во 4 ИЕ кога тој е од Охрид и кога апсолутно немал право да зборува за тутунопроизводство и за Тутунски комбинат Прилеп, за тоа што Тутунски бил компанија преполна со историја, традиција и емоции.

 

Така сме влезени со таа емоција и да ја исправиме и резултатите се видливи. Во моментов оваа година имаш презадоволни тутунопроизводители, бидејќи Тутунски комбинат 11 милиони евра им исплати на нашите кооперанти. Денеска тутунот го предаваат, наредниот ден финансиските средства се на нивните сметки. Во вашето владеење, додека вие бевте пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, еве ги званичните показатели. Најниските откупни цени во последниве 20 години:

 

  • 2010 година просечна цена од 136 денари
  • 2011 година просечна цена од 164 денари
  • 2012 година 180 денари
  • 2013 година 152 денари
  • 2014 година 117 денари

 

Со кое лице вие излегувате пред тутунопроизводителите? На овие просечни цени имате фиксна сибвенција од 60 денари. Што се направи во изминативе 3 години?

 

  • 2017 година просечна цена од 217 денари
  • 2018 година 214 денари
  • 2019 просечна откупна цена од 220 денари

 

 Господине Николоски, на оваа просечна откупна цена имате развојна субвенција од 73 денари по килограм, или вкупно приход по килограм секој тутунопроизводител има во просек од 290 до 300 денари. Често пати тоа го кажувам и сега ќе го нагласам, успеавме она старото прилепско да го вратиме, килограм сирење = килиграм тутун. Па колку и да сакате тоа да го негирате. Имаме задоволни тутунопроизводители со приход, со профит, имаме Тутунски комбинат кој остварува добивки и веќе еднаш нивото на кампања водете го со проекти, немој само со напади каде што имате за цел да го уништите мојот углед и чест, но ја задирате и мојата фамилија, а најмногу Тутунски комбинат“, кажа Станкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи