Вчерашниот кукавички чин, обидот за палење на семејната куќа на командирот на прилепската Полициската станица, Кире Спиркоски, е уште една потврда за она што е непобитен факт: дека секогаш кога Министерството за внатрешни работи е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, безбедноста по животите и имотите на граѓаните е доведена во прашање, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.
„Шесте месеци на Наќе Чулев поминати во министерската фотелја, претставуваат девалвирање на работата на професионалците во Министерството за внатрешни работи, но и на самото Министерство.
После Гордана Јанкуловска и Митко Чавков, Наќе Чулев е следниот во низата послушници и извршители на злосторничкото здружување, чија цел е целосна партизација на институцијата и нејзино претворање во МВРО-ВМРО.
Учеството на Чулев во техничката Влада, ги потсети граѓаните како изгледаше 11-годишното владеење на режимот, како се кршеа човековите права, како се партизираа институциите и бесрамно се пљачкаа народните пари.
Само за 6 месеци, Чулев го врати времето на селективна примена на законите и прогон на политичките неистомисленици преку поднесување на неиздржани и со ништо непоткрепени пријави.
Христијан Мицкоски, Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ со нивната толеранција кон сторителите на кривични дела и прекршоци, се директно одговорни за криминалот на улиците во градовите ширум државата и за зачестените инциденти.
Граѓаните се свесни дека Мицкоски, Чулев и ДПМНЕ, работат според насоките на унгарскиот бегалец Никола Груевски, затоа се загрижени за личната сигурност и безбедност.
Јавноста очекува уште денеска, министерот за внатрешни работи, Чулев и началникот на ОВР Прилеп, Трајче Георгиоски, да поднесат неотповикливи оставки.
Нема да дозволиме да се реализираат мрачните сценарија на послушниците на Никола Груевски.
На 15 јули, продолжува правиот пат по кој се движи државата. Граѓаните избираат напредок, а не обновата на режимот.
Заедно можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Талевски.