За жал СДСМ и во изминативе три години на владеење, покажа и докажа дека немаат чувство на припадност кон сопствената култура и идентитет, немаат почит кон сопственото културно и историско наследство и пред се’ кон негова заштита и промоција, ниту пак однос кон уметничките вредности кои ги поседуваме како држава. Истакна на денешната прес конференција Ане Лашкоска, кандидат за пратеник во 4-тата ИЕ од редовите на ВМРО-ДПМЕ.
„Jа деградираа културата во секоја област. Во Прилеп од областа на културата беше ветено дека ке изградат нов театар, ќе ја реконструираат Старата градска чаршија и фасади на објектите, ќе извршат дислокација на Музејот на тутунот и изградба на музеј – градска прилепска куќа.
Што имаме денес од ветеното? Буквално ништо! Сведоци сме на нивните лажни ветувања и лажна демагогија.
Така функционира и работи СДСМ!
Ние ветуваме:
Спроведување на доследна, успешна и финкционална децентрализација во културата од државно на локално ниво вклучувајќи ги невладините организации и граѓанскиот сектор
Создавање на поволен амбиент за остварување на културата преку воведување на одредени даночни и царински бенефиции за културата. Тука ќе ја издвојам мерката намалување на ДДВ во културата од 18% на 5% и 1 денар од акцизата за нафта кој ќе се издвојува за културата.
Стимулирање на економската, производствената и профитабилната димензија на културата, преку поттикнување и помагање на креативните индустрии
Во делот на капиталните инвестиции во Прилеп
Ке продолжиме со истражување на археолошките локалитети, зачувување на спомениците на културата , обнова на фасадите се со цел зачувување на старата архитектура карактеристична за градот Прилеп
Изградба на нов театар!“, рече Лашкоска.