Околу 5.000 граѓани кои се во изолација треба да се пријават ако сакаат да гласаат

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Околу 5.000 граѓани, според евиденцијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кои се во изолација или на домашно лекување и ако сакаат да гласаат треба да се пријават на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК).

 

„По тројца во општини ќе бидат определени за ова гласање да биде спроведено. Се планира симулација на процесот на денот на гласање како тоа би изгледало со сите заштитни средства според протоколот и претставници на Комисијата за заразни болести кои ќе бидат присутни. Апелирам за безусловно почитување на мерките“, рече денес Филипче.

 

Согласно ревидираниот Роковник на ДИК, рокот за пријавување на лицата со ковид-19 и во самоизолација за гласање истекува на 8 јули на полноќ, а гласањето за оние што ќе се пријават ќе се одвива на 13 јули. Лицата кои ќе добијат позитивен тест за ковид-19 и на ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да можат да се пријават и да гласаат на парламентарните избори.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи