Петкоска: Се што вети Заев за Прилеп во 2016 година, не исполни буквално ништо

Она што пред три години СДСМ и Зоран Заев го најавија како нов живот во Македонија, за Прилеп и прилепчани беа само еден куп лаги, кои останаа само празни зборови на хартија, рече на денешната прес конференција членот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Наташа Петкоска.

 

 

„Денеска ќе ги потсетиме граѓаните што се’ се ветуваше во програмата “За живот”, во пресрет на парламентарите избори во 2016 година.

 

 

Ветуваа изградба на нов пат Велес-Прилеп-Битола до граничниот премин Меџитлија, а ја прекинаа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско кој го започна претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Ветуваа соларни железнички станици, изградба на затворен базен, како и реконструкција на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

 

 

Во предизборните лаги во 2016 година беше и ветувањето за изградба на хидроакумулации и целосна урбанизација на населените места во Прилеп, а сведоци сме дека во 21 век имаме села без канализација и села каде има недостиг на вода за пиење.

 

 

Заев и СДСМ лажеа дека ќе донесат нови странски инвестиции и дека ќе создадат услови младите да останат во Република Македонија, а 500.000 иселени Македонци да се вратат дома“, кажа Петкоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи