На 05.07.2020 во 13,00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека под манастирот „Св.Архангел Михаил“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(41) од Прилеп, кој на 02.07.2020 година околу 18,00 часот бил пријавен за исчезнат.
„Од лекар од итна медицинска помош Прилеп била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Прилеп, а по обдукцијата, извршена по наредба на јавен обвинител, било констатирано дека лицето починало од срцев удар“, велат од СВР Битола.