Во Прилеп досега се пријавиле за гласање 6 позитивни на коронавирусот и 5 граѓани во самоизолација

Шест позитивни на корона вирусот, пет граѓани во изолација и околу 90 хронично болни досега се пријавиле за гласање на парламентарните избори, соопштуваат од општинската изборна комисија во Прилеп.

 

Според Каролина Шукуроска, претседател на Општинската изборна комисија, граѓаните имаат можност да се пријавуваат до утревечер на полноќ.

 

Ова не е конечната бројка. Очекуваме во текот на утрешниот ден да граѓаните да се изјаснат за гласањето на изборите, вели Шукуроска

 

Во моментов, во Прилеп се 53 активни случаи на корона вирусот, а во домашна изолација и во самоизолација се наоѓаат вкупно 82 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.