ДИК: Само 19 пријави за гласање од лица во самоизолација

 

 

Само 19 лица, од околу 5.000, кои се во изолација или самоизолација поради корона вирусот до сега се пријавиле за гласање дома, потврдуваат од ДИК. Овие граѓани ќе гласаат во посебно резервираниот ден-понеделник 13 јули.

 

Лицата кои ќе се пријават за гласање, а се во изолација ќе бидат посетени во своите домови од посебни избирачки одбори, составени од по тројца здравствени работници и претставници на партиите.

 

Во вторник ќе гласаат болните и изнемоштените лица, хронично болните како и лицата во затвор и домашен притвор. На 15 јули, среда, ќе гласаат сите останати гласачи од избирачкиот список. За нив гласањето ќе започне во 7 часот а ќе заврши во 21 часот.

 

За гласањето, кое поради пандемијата со КОВИД 19 ќе трае 3 дена, министерот за здравство уверува дека ќе е сосема безбедно.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.