Стерјовска Локвенец: Целосно ќе го реформираме образовниот систем

 

Во последните 3 години власта на СДСМ комплетно го урниса образовниот систем во Македонија. Го обезвредни трудот на наставниците, неколкукратно го намали буџетот за образование  и ги лиши младите генерации од квалитетно образование, рече на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, кандидатка за пратеник во четвртата изборна единица.

 

„Но нема повеќе! После 15 Јули повторно ќе го го кренеме на нозе образовниот систем. Ќе го вратиме сјајот на наставничката професија. За нашите деца и млади ќе обезбедиме најдобри услови за квалитетно образование според највисоките европски стандарди.

 

Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе изгради 20 нови училишта низ Македонија, ќе  реконструира 50 училишни згради и ќе ги опреми  сите основни и средни училишта со модерни надгледни и дидактички средства и техничка опрема, неопходни за реализација на модерна настава.

 

По 1 денар од акцизата од дизел горивата ќе се одвојува за образованието, а на просветните работници ќе им обезбедиме плати до 36.700 денари, кои и тоа како ги заслужуваат. Дополнително ќе ги намалиме административните обврски  на наставниот кадар во основните и средните учичишта и ќе им овозможиме континуирано и праведно кариерно напредување со соодветен финансиски надоместок.

 

Во услови на корона кризата видовме колку нефункционално и технички неподготвено е учењето на далечина, за кое владата на СДСМ не покажа ни интерес ниту желба да го приспособи на потребите на учениците соодветно да ја завршат школската година. Токму затоа ќе имплементираме национална дигитална платформа и технички можности за далечинско е-учење за секого“, рече Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.