Антикорупциска бара одговорност од Филипче – со службен автомобил бил на партиски активности

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Антикорупицска бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче заради користење службено возило за партиски цели. Антикорупционерите го прифатија приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се тврди дека Филипче на 28 јуни со возило со службен автомобил присуствувал на промоција на партиската програма на СДСМ во Штип.

 

Инаку, службениот автомобил на министерот Филипче е сопственост на Агенцијата за разузнавање која  го има остапено на Министерството за здравство. Од здравство пак потврдија дека тој ден министерот бил службено во Штип, но сепак потоа се појавил на партиски настан и учествувал во презентација на програмата на коалицијата „Можеме“ заедно со претседателот на СДСМ Заев и генералниот секретар Николовски. ДКСК сега бара Владата да утврди одговорност за работењето на министерот за здравство.

 

Антикорупционерите ги одбија останатите два приговори на опозициската партија поднесени против Министеството за земјоделие и Агенцијата за млади и спорт.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи