ВИДЕО – Талевски: Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните

 

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, три години покажува што значи вистинска и подеднаква грижа за сите граѓани. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, кажа на денешната прес конференција Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

„Цели 11 години, ВМРО- ДПМНЕ ја држеше социјалната помош на минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели, го газеше достоинството на најранливите категории.

 

За три години, СДСМ ја зголеми социјалната помош за 300 отсто.

 

Со новиот Закон за социјална заштита, околу 1.300 семејства од општина Прилеп, кои во просек добивале по 3.000 денари месечна социјална помош, сега добиваат до 12.000 денари.

 

Во следниот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца во државата.

 

Го исполнивме дадениот збор и ја воведовме социјалната пензија за стари лица. Само со таа мерка, 600 домаќинства од Прилеп добиваат по 6.000 денари месечно и дополнителни 1.000 денари за месеците од грејната сезона.

 

Го решивме и проблемот со стечајците, за кој ВМРО-ДПМНЕ не сакаше ниту да слушне. Денес, 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечено, а наскоро ќе добијат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

 

Дополнително, покрај стечајците, платежна картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и сите невработени лица кои не се активни баратели на работа.

 

Продолжуваме да градиме солидарна и праведна држава за сите!

 

Нотарските и трошоците за извршители ги намаливме. Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните.

 

Казните ги намаливме до 75 отсто, а воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување.

 

На 15 јули изборот за граѓаните е едноставен, повеќе пари во семејните буџети или обнова на режимот кој ги крадеше нивните пари.

 

Продолжуваме на правиот пат, заедно можеме уште повеќе, уште подобро“, кажа Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи