Спиркоска Стојаноска: Се редат кривични пријави за послушниците на Заев, Талевски и Јованоски

 

 

Со оваа власт во заминување и со функционерите послушници на Миле Талевски, Илија Јованоски и Зоран Заев, се чини дека органите на прогонот и судството ќе имаат полни раце работа после 15-ти јули, истакна на денешната прес конференција Кети Спиркоска Стојаноска, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Директорот на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација, Емил Јанески, е новиот висок функционер од Прилеп, кој ја продолжи листата на кривични пријави од МВР.

 

Имено против него СВР Битола пред неколку дена поднесе кривична пријава за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. МВР го сомничи Јанески за предизвикана штета врз буџетот на Водовод во висина од 2.300.000 денари.

 

Како и во претходните случаи кога кривични пријави заработија директорите на Детски градинки, Еурокомпозит и Црн Бор, бараме Јавното обвинителство брзо да реагира и да ги провери сомнежите за злоупотреба на вакви милионски суми“, рече Спиркоска Стојаноска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи