Во сообраќајна несреќа тешко повреден 10-годишен малолетник од Прилеп

 

На 07.07.2020 во 18.06 во СВР Битола било пријавено дека  се случила сообраќајна незгода на крстосница од ул. ,,Димо Наредникот“ и ул. ,,Сотка Џигиџик“ во Прилеп помеѓу патничко возило „Мазда” со прилепски ознаки, управувано од Н.Г.(52) од Прилеп и велосипед управуван од 10-годишен малолетник.

 

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа на ПС Прилеп“, велат од СВР Битола.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.