Петкоски: Сугарески се фали дека во Прилеп вложиле над 80 милиони евра во патишта, но никој не гледа каде се тие

Mинатата недела, на планинскиот превој Слива на патниот правец Лагово-Витолиште, министерот Сугарески, заедно со градоначалникот Илија Јованоски, помпезно најавија нов асфалт. Истото ден после нив го повтори и кандидатот за пратеник Миле Талевски. Мислеа дека со едно такво шоу пред медиумите ќе ги замолчат жителите од Мариовскиот регион и ќе ги обезбедат нивните гласови на изборите. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Но, еве, само една недела подоцна разоткриена е нивната лага. Од механизацијата која треба да работи оставен е само овој валјак кој е во дефект, а од предвидените 9 километри за асфалтирање, нов асфалт има на едвај 300-400 метри. Целата останата механизација е повлечена и послужи само како декорација додека министерот гордо за прв пат чекореше по овој пат. Триото на власт од Прилеп никако да сфати дека граѓаните не се само бројка која служи за манипулирање пред избори. Замислете, министерот Сугарески се фали дека во Прилеп вложиле над 80 милиони евра во патна инфраструктура, повторувам над 80 милиони евра. А каде се овие изградени патишта, ги гледа ли некој?“, рече Петкоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.