Ристески: Во програмата “Обнова на Македонија” предвидуваме низа мерки и проекти за унапредување на спортот во Прилеп

Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. ВМРО-ДПМНЕ како партија отсекогаш се залагала и вложувала максимални напори за изградба на спортска инфраструктура и вложување во спортските клубови. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, кандидат за пратеник во ИЕ 4 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Само во Прилеп во минатото изградивме 4 нови спортски сали, две тениски игралишта, игралишта за ракомет, кошарка, како и нов стадион со вештачка трева. Во овие три години на власт, ниту Владата на Заев, ниту општината која ја предводат Миле Талески и Илија Јованоски, не ја продолжи оваа хумана мисија за вложување во спортот.Ги уништија спортски клубови во градот, ги избркаа спонзорите, а градскиот стадион “Гоце Делчев” требаше да го завршат уште пред една година. Во програмата “Обнова на Македонија” предвидуваме цела низа мерки и проекти за унапредување на спортот“, кажа Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.