Алексоски: Полушниците на Талевски и Јованоски еден по еден заработуваат кривични пријави

 

 

Граѓаните деновиве се сведоци дека на површина испливуваат сите сомнежи за сторен криминал и корупција, за кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше и известуваше во текот на изминатите 3 години власт на СДСМ на локално и централно ниво, рече на денешната прес конференција Александар Алексоски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Цела редица директори послушници на Зоран Заев, Миле Талевски и Илија Јованоски заработија кривични пријави од МВР, па по се изгледа обвинителството и правосудните органи ќе имаат полни раце работа со кадрите и функционерите од СДСМ.

 

Листата ја продолжи директорот на Завод и Музеј, Благоја Атанасоски, кого МВР го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Aтанасоски, според пријавата на МВР, се сомничи дека деловите од оригиналната скулптура на споменикот “Жртви на фашизмот” во Дабница ја дал на реверс во леарница во Скопје и истата досега не е вратена, иако е под заштита на институцијата со која раководи.

 

Споменикот кој минатата година  го поставија кај Дабница со градоначалникот Јованоски е копија, а деловите од оригиналната бронзена статуа никогаш не биле вратени назад од леарницата.

 

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати пред граѓаните информираше дека позади поставувањето на споменикот се крие нешто матно“, рече Алексоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.