ВИДЕО – Јакимоска: Без изградба на инфраструктура за Пелагонија, неможе да се реализираат останатите планови

Пред малку разговаравме дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на администрацијата и ослободувањето на администрацијата како потенцијален капитал на нашите компании е нешто што ќе следи во иднина. Се надевам дека преструктуирањето на истата и нејзино едуцирање за соодветствено да може да одговори за развојот на нашите компании ќе биде онаква каква што треба, заедно да ја сработиме со цел да ги реализираме нашите проекти. Ова го истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп, пом средбата со лидерот на опозицијата, Христија Мицкоски.

 

 

„Покрај корона кризата, еве денеска можеме да кажеме дека во Прилеп и прилепскиот регион компаниите немаат големи испуштања на свои вработени и врз основа на сопствените ресурси успеваат да се носат со кризата, како што умееме и знаеме. Меѓутоа, она што е наш заеднички став, став на реалниот сектор од пелагонискиот регион, со оглед на тоа што Пелагонија е срцевина на нашата земја, а 30 години упорено чекаме да бидеме поврзани со остатокот на светот, одлучивме овој нареден временски период од 4 години, онаа влада која што ќе формира администрација во нашата земја, клучно и единствено прашање на кое што ќе работиме е инфраструктурата. Доколку не ја сработиме инфраструктурата, ние немаме темели за да ги надоградиме сите други планови кои се во програмите на политичките партии. Многу лесно можеме да ги изградиме сите предизвици, многу лесно можеме да изградиме нови можности, меѓутоа без инфраструктура, без темели, тоа нема да го направиме соодветно и професионално, онака како што треба. 

 

Не само заради непречен проток на нашите стоки и услуги, пред се заради заштита на највредното нешто кое што ние го поседуваме, а тоа е човековиот живот. Од тие аспекти, веруваме длабоко дека конечно е време да се осврнеме на суштината на нашата земја, Пелагонија и да ја вратиме онаму каде што и е местото. Достоинствено да биде наш извор на непречена храна, здрава храна и контонуирано да продолжиме со раст и развој на компаниите, кои што овој регион верувајте, битолскиот и прилепскиот, да се пофали со квалитетни и прекрасни компании, кои самите предмалку констатиравме дека учествуваат со голем процент во буџетот на нашата земја“, рече Јакимоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.