Димоски: СДСМ и Заев не исполнија ништо од ветувањата и ги избркаа младите од Македонија

 

Денес младите се доведени на маргините на општеството, обезвреднети, дискриминирани и манипулирани од ненародната влада на СДСМ, која вети многу, а не оствари ништо. Вети живот за младите во Македонија, а единствено успеа да ги избрка што помасовно да се отселат надвор од земјата во последните 3 години, кажа на денешната прес конференција Бојан Димоски, потпретседател на УМС Прилеп.

 

„Дозолете да ве потсетиме што вети а не направи СДСМ за младите:

 

Нема Гаранција за млади – младите не добија понуди за вработување после завршеното образование. Младите не добија студентски платежни картички, бесплатен јавен превоз. Не добија ни квалитетна храна во студентските мензи а камоли повисок студентски стандард.

 

Младите не останаа во Македонија, напротив, масовно трајно ја напуштија државата во последните 3 години. Зошто? Затоа што се почустуваа изманипулирани, обезвреднети,  излажани од владата на СДСМ, која единствено се погрижи да донесе живот за партиските пулени и послушници.

 

Нема нови фабрики и нови работни места,  нема поддршка на младинското претприемништво, нема квалитетно образование и квалитетни услови за спорт.

 

Ги нема ветените нови студентски домови, нема фитнес студија и кино сали за млади, нема студентски кампуси во Битола, Штип и Тетово. Не се отворија младински спортски школи нити бизнис центри за вработување, не се изградија велосипедски патеки“, кажа Димоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.