СВР Битола поднесе кривична пријава против ловџија од Прилеп

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

 

На 18.01.2020 во атарот на с.Вепрчани, од страна на полициски службеници била извршена контрола врз ловџии, при што кај пријавениот  била пронајдена ловна пушка „црвена застава“ М70 со калибар 8х57, со бришан фабрички број како и 19 куршуми со калибар 8х57, за чие потекло не поседувал никаква документација.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.