Лашкоска: Следуваат големи промени во правосудниот систем, ќе има право и правда за секого, но и одговорност

Република Македонија во изминатите 3 години е политички и правно заробена држава во која владее хибридниот режим инсталиран од Зоран Заев. Ветуваа дека во државата ќе има право, правда и правен поредок, ослободени од политичко влијание, а целата јавност слушна како се носеле “трас-трaс” судски пресуди по диктат на Заев, рече на денешната прес конференција Ана Лашкоска.

 

„Македонија се наоѓа на 107 место според индексот на корупција во светот, што е срамно за земја која претендира да стане членка на европското семјество.

 

После 15-ти јули Заев и СДСМ заминуваат од власт, ќе се соочат со одговорност и за тоа компромис нема!  На овој урнисан и заработен правен систем му претстои целосна ОБНОВА!

 

Обновата на Македонија е последната шанса за граѓаните да ја вратат довербата во судството и обвинителството, да веруваат дека секој е еднаков пред законот и дека за секој оној кој се огрешил пред законотите ќе следува одговорност.

 

Еден од главните приоритети на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосната обнова на уставно-правниот и политички правен систем.

 

Ќе работиме на целосно искоренување на корупцијата и политичко-партискиот клиентелизам во правосудството“, рече Лашкоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.