Ристески: Субвенции за нови фасади, до 500 евра за набавка на сончеви колектори

 

Убаво е кога пред граѓаните и пред вас медиумите излегуваме со ваква обемна програма и понуда каков што е проектот “Обнова за Македонија”. Секојдневно  презентираме што се’ ќе следува и какви се’ придобивки ќе донесе обновата во наредните 4 години за сите граѓани во Република Македонија, рече на денешната прес конференција Петар Ристески.

 

„Помеѓу овие 1.000 проекти предвидовме и низа мерки за зголемување на енергетската ефикасност, мерки и помош кои ќе бидат од огромно значење за домаќинствата.

 

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди поволни бескаматни кредити и грантови за  поставување на нови енергетски фасади, прозорци и изолација на кров и под, со цел намалување на потрошувачката на енергија. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 10.000 домаќинства секоја година или 40.000 домаќинства во 4 годишниот мандат на Владата.

 

20.000 домаќинства секоја година ќе добиваат до 500 евра субвенции за набавка на сончеви колектори, а вкупниот предвиден буџет за оваа мерка иснесува 2,4 милијарди денари.

 

Еден од стратешките приоритети на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ е целосна гасификација на државата.

 

Ние се обврзуваме дека овој проект кој го започна претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосно завршен, а освен за индустријата и јавните установи, ќе воведеме природен гас за употреба и за домаќинствата,“ рече Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.