Бумбароски: Неспособноста и суетноста на градоначалникот Илија Јованоски му донесе кривична пријава

 

 

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, за сторено кривично дело “Несовесно работење во службата”, изјави на денешната прес конференција Гоце Бумбароски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Јованоски како прв човек на општината не го осигурал од штети  изграденото подрачно училиште во населбата Сточен пазар, при што е директно одговорен за уништувањето и кражбите на овој објект, кој требаше да го олесни секојдневието на децата и родителите од населбите Сточен пазар и Жабино маало.

 

Првиот човек на општината го прекршил членот 50 во точка 15 од став 1 oд Законот за локална самоуправа, според кој е должен да ја одржува и заштитува сопственоста на општината.

 

За ова кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 2 години и парична казна.

 

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати ја информираше јавноста дека училиштето во населбата Сточен пазар се уништува и е мета на кражби, но градоначалникот Илија Јованоски немаше слух за тоа и остави инвестиција од 10 милиони денари народни пари целосно да се запусти“, рече Бумбароски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи