Чулев: Штипјанец уценувал сограѓани да гласаат за СДСМ

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Штипјанец кај кого биле пронајдени 100-тина лични документи од сограѓани од ромска националност, заработи кривична пријава и е уапсен поради сомнеж за поткуп на гласови.

 

Имено, штипјанецот во неговиот дуќан чувал патни исправи и лични карти од Роми од Штип, кои ги уценувал да гласаат за СДСМ на следните парламентарни избори, притоа ветувајќи им дека доколку го направат тоа нивните долгови ќе бидат избришани.

 

„По добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе НН лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, од страна на ОЕК при СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ“, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на ФБ.

 

Чулев притоа потенцираше дека Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелираше до граѓаните да ја пријават секоја активност со која се крши или попречува нивното избирачко право.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи