ВИДЕО – Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е фабрика за лажни вести, патот за Мариово се асфалтира

Изборната кампања за предвремените парламентарни избори дојде до самиот крај, а фабриката за клевети и лаги наречена ВМРО-ДПМНЕ, никако да направи исчекор од очајот во кој западнала. Истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.

 

„Оние кои за 12 години власт на централно и локално ниво не фрлија ниту една лопата асфалт на патот за Мариово, од истото ова место ја манипулираа јавноста дека работите на патниот правец Лагово-Витолиште се запрени, дека патот нема да биде изграден.

 

За нивна голема несреќа, а на задоволство на жителите на Мариово, на задоволство на сите оние граѓани кои имаат свои имоти и бизниси во овој регион, патот се реконструира и рехабилитира и согласно динамиката за работа на јавното претпријатие „Македонија пат“, тој ќе биде изграден.

 

Исто како што ги изградивме ИКТ Центарот, патиштата до манастирот над село Прилепец, до Прилепското вештачко езеро, како што ги изградивме „Самоилова“, „Петта Прилепска бригада“, „Андон Слабејко“, „Октомвриска“.

 

Онака како што ги асфалтиравме улиците во Кадино село, Галичани, Мало и Големо Коњари, Канатларци, Лагово, Алинци. Исто како што ги градиме булеварот „Гоце Делчев“, Градскиот стадион, клучката кај ТИРЗ „Прилеп“.

 

Наместо фрлените над 700 милиони евра во барок, стиропор, споменици и жални врби, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатите 3 години инвестираше во инфраструктурата.

 

Затоа, победата која во среда, на 15-ти јули ќе ја извојуваме заедно со граѓаните, ќе биде потврда дека се движиме по вистинскиот пат. Потврда дека МОЖЕМЕ. Уште повеќе! Уште подобро!“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи