Граѓаните на Република Македонија се исправени и чекаат да му пресудат на Зоран Заев и СДСМ. Тоа го забележавме во секоја населба, секое маало и секое населено место кое го посетивме во изминатите 21 ден изборна кампања. После 3 години лаги, рекет, без ниту едно реализирано ветување, граѓаните во среда на 15-ти јули, ќе го испратат Заев на црната страна од историјата на Македонија. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во 4 ИЕ.
„Доаѓа крајот на 3-годишното обезличување и распродавање на националните интереси, доаѓа крајот на предавничкото и злосторничко здружение кое ја донесе Македонија на работ пред колапс.
Заев и неговите послушници ги пакуваат куферите и заминуваат во опозиција, но ќе се соочат и со правдата. Ќе одговараат за сите украдени пари, за сето богатење на грбот на граѓаните и за сите предавства кои и ги нанасоа на Македонија и македонскиот народ.
Лажеа за 500 евра плата, лажеа за 100.000 денари плата за лекарите, за 600км нови патишта, не донесоа ниту една нова фабрика и не отворија ниту едно ново работно место. Лажеа дека ќе ги задржат младите тука во Македонија и дека ќе ги вратат оние кои се отселиле.
Наместо сето тоа, Заев и СДСМ го променија вековното име на државата, воведоа двојазичност и тргуваат со македонската историја, тргуваат со Гоце Делчев, со Илинден, со сите великани и револуционери кои се бореле за независна и слободна Република Македонија“, рече Ристески.
