ВИДЕО – Талевски: Граѓани на Прилеп, време е за одлука!

Почитувани граѓани, Време е за одлука. Избирате помеѓу два целосно спротивни концепти. Едниот, повеќе пари во вашите раце, уште повисоки плати, зголемени пензии, повеќе работни места, нови инвестиции. Другиот, обнова на режимот и повторно крадење на народните пари. Истакна на денешната прес коференција Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ние, инвестираме во најнеопходната работа за современа држава – инфраструктурата. Насекаде во државата градиме улици, булевари, локални и експресни патишта, автопати. Тоа е инвестиција во новата развојна македонска економија. Да продолжиме да си ја градиме државата.

 

Го вративме достоинството на земјоделецот. Ги зголемивме субвенциите. Сега, се исплаќаат навремено и неселективно. Да продолжиме за уште повисоки субвенции, за повеќе пари во земјоделието, за целосно бесплатна „зелена“ нафта.

 

Го реконструиравме храмот на спортот – градскиот стадион „Гоце Делчев“. Се обврзавме и го враќаме спортот на спортистите. Да продолжиме напред за нова спортска инфраструктура, за нови спортски подвизи!

 

Ја вративме слободата. Донесовме храбри одлуки. Станавме членка на НАТО. Почнуваме преговори со ЕУ. Стоиме рамо до рамо со најмоќните земји, како признаена, слободна, демократска држава, со зацврстен идентитет.

 

Да продолжиме кон новите европски перспективи. Почитувани пријатели, драги сограѓани. На 15 јули, одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските, за иднината на државата.

 

На 15 јули, масовно да излеземе на гласачките места, да го заокружиме бројот 3, да продолжиме на правиот пат. Само заедно #Mожеме уште повеќе и уште подобро“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи