Прилепчанката Јошеска првата Македонка која со велосипед се искачи на Љуботен и Титов Врв

Прилепчанката Маја Јошеска не застанува, таа стана првата Македонка која со велосипед се искачи на двата врва на Шар Планина, Љуботен 2.498 мнв и Титов Врв 2.747 мнв. Претходно, пред 10-тина дена Јошеска со велосипед ја искачи Солунска Глава, а на 20 јуни Кајмакчалан.

 

„Поминати беа над 50 км. и висинско искачување од над 3.100 м. За да се реализира овој предизвик ми беа потребни 6 часа за Љуботен и поминати околу 27 км. и 7 часа за Титов Врв со 25 км. Двете тури беа доста тешки и напорни со краткото време за одмор, но сепак желбата и мотивот беа поголеми за да издржам и овај предизвик да му го посветам на мојот татко по повод неговото пензионирање“, рече Јошеска за Инфо Компас

 

Јошеска вели дека за брзо време ќе следувале уште неколку други предизвици, но повторно ги остава во тајност.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи