Регулаторна повторно ги поскапи горивата

 

 

Регулаторната комисија за Енергетика се одлучи за ново поскапување на нафтените деривати, а новите цени стануваат на сила на полноќ. Според новата одлука цената на бензинот Еуросупер БС-98 ќе се зголеми за половина денар, додека Еуросупер БС-95 и Еуродизел поскапуваат за еден денар за литар гориво.

 

Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел ќе изнесуваат 61,50ден/лит, односно 53,50 ден/лит.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.