ВИДЕО – Како се одвиваше гласањето на заболените од Ковид 19 во Прилеп – денеска гласаа 29 лица

Во Прилеп денеска своето право на глас го искористија 29 лица кои се заболени од Ковид 19 или пак кои се наоѓаат во изолација. Гласањето се одвиваше според строго утврдени критериуми и препораки од страна на Комисијата за заразни болести и СЗО. До домовите на овие лица беше испратен посебен избирачки одбор, составен од 3 медицинскии лица и двајца претставници на политичките партии. Според претседателката на овој посебен избирачки одбор, д-р Билјана Кржеска, проверката на лицата заболени од корона вирус се правела исто како и досега со УВ ламба на прстот, гласањето е тајно, а ливчињата се ставале во посебно плико на кое го пишува избирачкото место од граѓанинот кој гласа.

 

 

„Постапката е запишана според препораките на ДИК, има постапка како треба да се изведува гласањето. Во општина Прилеп пријавени се 29 лица заболени од Ковид 19 илии се во изолација, заради високоризичен контакт со лицие заболено од Ковид 19. Постапјата оди со тоа што исто како нормално гласање, прво имаме проверка на палецот со УВ ламба, потоа се прска со средството, дезинфекција се прави, ставање на ракавици, се потпишува на ливчето, има право на тајно гласање, ливчето потоа се става во плико  кое што е означено со избирачко место, потоа тие пликоа ние ги собираме, се ставаат во едно големо плико кое оди во избирачката кутија кое понатаму се проследува до избирачките кутиии по избирачки места, зависи во кое избирачко место колку има пријавени и заболени. Имаме краток контакт со тие лица, мора да одржуваме дистанца, имаме единечни мантили, хируршкии маски и ракавици, каљачи, капа и визир“, кажа д-р Билјана Кржеска, претседател на посебен избирачки одбор.   

 

За утре пак во Прилеп се пријавени да гласаат 489 болни и изнемоштени лица, а вкупниот број на граѓани со право на глас изнесува 64.004 граѓани кои ќе гласаат на 142 избирачки места, односно на 130 бидејќи 12 се споени поради тоа што имаат помалку од 10 гласачи. 13 пак избирачки места се дислоцирани поради неисполнување на услови за заштита од Ковид, односно мали простории.

 

Во Крушево денеска гласаа 2 лица заболени од Ковид 19 или кои се наоѓаат во изолација. Утре таму гласаат 190 болни и изнемоштени лица, а вкупно своето право на глас може да го остварат 7.920 граѓани на 23 избирачки места.

 

Во соседите општиини Долнени и Кривогаштани денеска нема пријавено лица кои ќе глааат.

 

Во Кривогаштани утре гласаат 70 болни и изнемоштени, а вкупно право на глас имаат 4.802 граѓани, кои ќе гласаат на 13 избирачки места. 2 се дислоцирани поради неисполнување на услови за заштита од Ковид.

 

Во Долнени пак утре ќе гласаат  68 немоќни и болни, а вкупно право на глас имаат 11.686 граѓани, кои ќе гласаат на 40 избирачки места.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи