Денеска во Oпштина Прилеп 5 нови случаи на коронавирус, бројот на аткивни случаи е 63

 

Според информациите на Центарот за јавно здравје, денеска во Oпштина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а од болестa оздравеле 4 лица. Бројот на аткивни случаи изнесува 63, од кои 44 се наоѓаат на домашно лекување, а 19 се хоспитализирани во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“.

 

Вкупниот број на заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 300, а 20 лица починале како последица од вирусот. Во домашна изолација и самоизолација, се наоѓаат 104 лица.

 

Од Општина Прилеп информираат дека продолжуваат со дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и населените места.

 

Во соработка со Јавните комунални претпријатија од градот и Територијалната противпожарна единица, утре ќе се дезинфицираат улиците, тротоарите, јавните површини и сите пристапи до избирачките места во градот.

 

Од Општината информираат дека со акцијата ќе биделе опфатени и населените места, при што волонтери со сопствена земјоделска механизација ќе ја спроведувале дезинфекцијата на улиците кои водат до објектите во кои граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи